Од полноќ поскапуваат дизелот, мазутот и екстра лесното масло

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,80%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 18.09.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.09.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.09.2017 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.09.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 25,866 ден/кг.

WebOhrid