ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„Уште еднаш испраќаме апел до претставниците на ВМРО-ДПМНЕ: Престанете да ја замајувате и лажете охридската јавност. Не ја потценувајте интелегенцијата и помнењето на Охриѓани.
Зарем вие заборавивте на инвестиционите проекти кои ги ветуваше вашата локална самоуправа од 2015 до 2017 година. Во таквите приоритети, ОУ „Григор Прличев“ од 2015 до 2017 година требаше да има нова фасада, и променета столарија.
Според вашите инвестициони приоритети, до 2017 година во основното училиште „Кочо Рацин“ требаше да биде променет покривот и санитариите. Треба ли да ве потсетуваме дека ветувавте санацијата на санитарни јазли во средното општинско училиште „Ванчо Питошески“ и тоа како еден од приоритетите за периодот од 2015та до 2017та година?
На граѓаните не им требаат уште ветувања. Визијата за Охрид и животот за сите во Охрид е на прагот.“- стои во соопштението.