Светски ден на живеалиштата

Обединетите нации го назначија првиот понеделник од октомври како Светски ден на живеалиштата, за да ја прикажат состојбата на нашите градови, како и основното право на соодветно засолниште за сите. Исто така, го потсетува светот дека сите ние имаме моќ и одговорност да ја оформиме иднината на нашите градови.

Секоја година, Светскиот ден на живеалиштата зазема нова тема за промовирање на политики за одржлив развој кои обезбедуваат соодветно засолниште за сите. Темата за 2017 година е „Политики за домување: Достапни домови“. Овие теми често промовираат една од главните области на кои што се фокусира, како што се:

  • Инклузивно домување и социјални услуги;
  • Безбедна и здрава животна средина за сите – со особено внимание за децата, младите, жените, старите лица и лицата со посебни потреби;
  • Достапен и одржлив транспорт и енергија;
  • Промоција, заштита и реставрација на зелени урбани простори;
  • Безбедна и чиста вода за пиење и санитарност;
  • Здрав квалитет на воздухот;
  • Создавање нови работни места;
  • Подобрено урбано планирање и надградба на сиромашните квартови;
  • Подобро управување со отпад.

WebOhrid