Основните училишта „Братство-Единство“ и „Кочо Рацин“ се наградени на Интернационалниот проект Ноќ со Андерсен и КРЕФ Меѓународниот фестивал.
Викендов, претставници на ОУ„ Братство Единство“ и ОУ „Коцо Рацин“ учествуваа како финалисти на Мегународниот КРЕФ фестивал и Проектот Нок со Андерсен кој се одржа во Културниот центар во Лесковац, Република Србија каде беа пофалени и наградени ОУ „Коцо Рацин“ со втора награда, а ОУ „Братсво Единство“ со трета награда.
Наградите се резултат на изведените интерактивни, едукативни, интересни, воспитно-образовни активности, а главната активност бесе преноќување на учениците во училишните простории на Денот на роденденот на познатиот светски бајкописец Ханс Кристијан Андерсен. На КРЕФ Фестивалот Детскиот филлм на Мартин и Илија доби специјално признание, а е изработен во соработка со наставничките Јагода Николоска, Николина Спасеска од ОУ „Григор Прличев“ и соработникот Валентин Ристески.