На 4-ти октомври, ширум целиот свет се одбележува Светскиот ден на животните. Светскиот ден на животните е основан во 1931 година во Фиренца на Светскиот конгрес на пријатели на животните.
Главната цел на одбележувањето на Светскиот ден на животните е да се привлече вниманието на неправдите кои луѓето им ги нанесуваат на животните, а со тоа да ги поттикне државните власти да бидат доследни на имплементација на законодавството во врска со благосостојбата на животните.
Мисијата на овој ден е унапредување на статусот на животните, за подобрување на нивните стандарди ширум светот. За да се постигне ова, се охрабруваат организациите за благосостојба на животните, социјалните групи, младинските и детските клубови, бизнисите и поединците да организираат настани за одбележување на Светскиот ден на животните. Вклученоста расте со зачудувачка стапка и сега е широко прифатена и прославена на различни начини во многу земји, без оглед на националноста, религијата, верата или политичката идеологија.
WebOhrid