Тилевски: Изградба на спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција на која го најави новиот проект „Изградба на спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот“.

„Досегашната практика на инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации и за правилен физички развој, постојано се докажува како највредна инвестиција корисна за сите граѓани. Во таа насока најавуваме нов проект: „Изградба на спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот“.

– Изградба на спортско и детско игралиште со уредување на околниот простор во Елшани

Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет и осветлување според најсовремени спортски стандарди, изградба на игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште.

– Спортско и детско игралиште во Долно Коњско

Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет како и осветлување според најсовремени спортски стандарди. Изградба на детско игралиште опремено со детски реквизити.

– Реконтрукција на повеќенаменско спортско игралиште во Пештани

Целосна реконструкција на постојното спортско игралиште и изградба на трибински простор како и осветлување според најсовремени стандарди.

– Изградба на балон сала и повеќенаменско спортско игралиште во Урбана Заедница „Железничка“

Изградба на спортски балон за фудбал со вештачка трева и повеќенаменски терен со сите реквизити во населбата Железничка. Продолжуваме посветено да работиме во интерес на охриѓани! Вие ја препознавате нашата грижа кон Вас. Тоа е наш долг и наша обврска. Затоа велиме 13 за нова ера во Охрид! 13 за „Секогаш работа“, 13 за „Секогаш Охрид“, 13 за „Секогаш Македонија!“- рече Тилевски.

WebOhrid