Трајкоски: Општина Дебрца е и мора да биде промовирана за развој на етнотуризмот

Кандидатот за градоначалник на Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција во с.Белчишта, каде што беа презентирани досега реализираните проекти од областа на туризмот, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на туризмот.

„Секогаш работа секогаш Македонија. 
Со тој слоган одиме кон уште една историска победа и затоа ние велиме секогаш и Дебрца. И тоа беше наша практика и секојдневие во изминативе четири години со работењето на Општината Дебрца. Она што го наследивме од оние кои сега замислете имаат образ да бараат градоначалнички мандат наликуваше на катастрофалната состојба. Затоа почитувани почнавме од почеток, како што доликува домаќински, со сaнирање и реконструкција на најзначајните објекти во Општина Дебрца. Започнавме и со модернизирање во секој сегмент од работењето во локалната, реновирајќи повеќе делови од самата зграда, нa воведување на одредени процедури кои ги бараат стандардите на ЕУ. За прв пат се појавија и медиумски простори, стандарди и протоколи за самата локална на начин како што доликува на секоја сериозна општина. И сето тоа не само што беше препознатливо од жителите на Општина Дебрца, туку беше препознатливо и од многу странски земји кои преку нивните амбасадори на формални или неформални средби биле посетители на самата Општина. Тука ќе ја напоменам само официјалната посета на американскиот амбасадор.“- истакна Трајкоски.

Од друга страна, тој истакна дека за Општина Дебрца и во стратегијата за нејзиното промовирање се направија голем број на прилози, емисии се укажа на она што значи развој на етнотуризмот кој во наредниот мандат ќе земе голем замав.

„Општина Дебрца треба и мора да биде во тек со европските стандарди, бидејќи само на тој начин ќе можеме да црпиме и средства од различните европски фондови. Општина Дебрца е и мора да биде промовирана за развој на етнотуризмот.
 Во таа насока сакам да потсетам на дел од досега реализираните проекти:

– Изградена пешачката патека покрај Охридското Езеро во Оровник

– Изградени видиковци во местата Сини Вирој и Требенишко езеро, поставени маси со клупи за одмор, корпи за отпадоци, информативни табли, паркинг за велосипеди, патоказни табли за подобро упатување и информирање на туристите на повеќе локации во општината

– Изработен Туристички флаер “Истражи ја Дебрца”

– Реконструикција и партерно уредување на спомен обележјето на Трајче Дојчиноски и спомен чешмата во Село Белчишта

– Партерно уредување на просторот околу Изворите ,,Долни Исток,, и воденицата во Село Велмеј“- потсети Трајкоски.

Општина Дебрца располага со богат фонд на автентични, културни, природни и традиционални ресурси и производи кои согласно глобалниот тренд во последните децении во руралниот етно-туризам нудат сериозни можности за развој на оваа гранка, од тие причини со новата Програма, Трајкоски ги презентираше следниве нови проекти: Проект – Реконструкција на постоечки објект стар Интернат во Село Белчишта со пренамена во Етно Музеј и Музеј за ,,Белчишко Блато,“ Проект – Рехабилитација на браната „Слатино”, Проект – Изградба на пешачка патека до ,,Пештерата Јаорец” и нејзино обележување со патоказни знаци, Проект – Изработка на Туристичка брошура, Проект – Промоција на Требенишко Езеро и одржување на риболовни натпревари, Проект – Изградба на Видиковци на Требенишко Езеро, Проект – Промоција на Археолошкиот локалитет Градиште Горно Поле село Велмеј.

„Ние веќе со воспоставените контакти и преку странските амбасади ќе овозможиме голем потфат во доменот на туризмот и добивање на средства за различни аспекти.
 Бидејќи ние знаеме како, затоа да продолжиме со развојот на Дебрца, онака како доликува, заедно, затоа на 15 октомври да одиме кон уште една победа за Дебрца, со заокружување на бројот 13.“– додаде Трајкоски.

WebOhrid