Поради нагласен интерес на јавноста во врска со одлуката на Владата на Република Македонија, на Уставниот суд, на негово барање да му достави мислење за прекинување на постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, Владата на Република Македонија информира дека веќе работи на реформите на безбедносниот систем, вклучувајки ја и УБК и на Законот за следење на комуникациите.
Предлозите на законските решенија на работната група, направени согласно препораките на меѓународните и домашните експерти, се во завршна фаза и наскоро ќе бидат објавени. Тоа е и во приоритетите на Планот 3-6-9. И тоа во овој, тековен временски интервал од планот.
Во подготовката на овие промени, Владата на РМ се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите.
Затоа Владата, на 31 седница на 10 октомври оваа година, донесе мислење Уставниот суд да ја запре постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите, зашто оваа иницијатива е парцијална и не ѝ приоаѓа на оваа тема сеопфатно, и пресретнува еден процес кој е веќе во одмината постапка.
Инаку, ова мислење на Владата на РМ е донесено врз основа на барањето на Уставниот суд, владата да даде мислење за оваа иницијатива, и е редовна практика во комуникацијата меѓу Владата на РМ и Уставниот суд на Република Македонија.