Ногачески во стилот на вечен губитник кој досега може на изборните циклуси да се пофали единствено со менување на партии и конечно во 2013 година освојување на вкупно 12 гласа, при што прашање е дали и неговите познаници гласале за него се одважува да покажува било каков политички кредибилитет, рече на денешната прес-конференција, кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, Јованчо Митрески.
„Овој пат затскриен под завесата на СДС нема да се спаси за изборниот губиток кој ти следи. Но нема да се спасиш само од тоа, туку и правниот систем за клеветите кои ги упатуваш кон градоначалникот и кандидат за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ Игор Трајкоски. Зборуваш за затворена општина во која посетители биле сите од жителите на општина Дебрца до најголемите политичари и амбасадори, но јасно е дека тоа не си го согледал бидејќи цело работно време пишуваше facebook статуси со навреди и клевети наместо да согледува што реално се случува. На Дебрца не му треба кандидат празен лист кој го гледа сопствениот интерес. Впрочем се прашуваме воопшто каков политички кредибилитет има Ногачеаки пред моменталните негови сопартијци кои знаеме дека не се задоволни со неговиот избор, а камоли пред жителите на Дебрца. Каде ќе побара политички спас Ногачески после изборниот пораз, можеби ќе премине во повторно во некоја друга партија, останува да видиме. Но едно е јасно дека камелеонската политика на Ногачески не е повеќе потребна во Дебрца, за Дебрца се потребни вистински луѓе со вистинска идеи и проекти, а не луѓе кои го гледаат сопствениот интерес при тоа менувајќи политички бои. Затоа ВМРО-ДПМНЕ Дебрца е сигурно во својата победа, жителите се тие кои на 15 октомври засекогаш ќе му стават крај на камелеонската политика на Ногачески со заокружување на бројот 13 за Игор Трајковски и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.“- рече Митрески.