СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ. (46) од с.Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,измамување на купувачи”, продолжено кривично дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги” и против С.П. (53) поради постоење основи на сомнение за продолжено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување”.
Е.Ќ. во текот на 2017 година нелегално набавил или украл дрвна маса, која била нелегално набавена и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Од С.П. побарал да му стави службени ознаки – жиг. Потоа, првопријавениот изготвил уште три деловни испратници во кои внел лажни податоци. Со таквите дејствија на првопријавениот му било овозможено да се стекне со имотна корист од 230.400 денари.