19 лица приведени за настани во текот на гласањето

Во текот на вчерашниот ден (15.10.), односно за време на изборниот процес од 07,00 до 19,00 часот, вкупно се приведени 19 лица. Од нив десет лица се приведени по основ на фотографирање на избирачко место: Д.С. (на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“); С.А. (глaасачко место во ОУ “26 Јули“); Џ.Д. (гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“) и Д.Д. (гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“), две лица во Охрид – Д.Т. (гласачко место во населба Лескоец); С.А. (гласачко место во музичкото училиште); Е.А. (на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа), потоа Ј.С. (гласачко место во Училишната амбуланта во Куманово), Р.Ф. (гласачко место во СОУ “Никола Вапцаров“ во Струмица) и Н.Н. (на гласачко место во ОУ “Братство“ во Гостивар). Сите овие случаи се расчистени а против лицата ќе бидат поднесени прекршочни пријави по основ на Изборниот законик (“фотографирање на избирачко ливче“).

Исто така приведени се и три лица (М.У., С.М. и Е.М.) во Битола (во близина на гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Сугаре“) поради сомнение за давање поткуп при гласање.

Досега, по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир поднесени беа четири прекршочни пријави за три лица, еден прекршок – “карање и викање на јавно место“ и по еден прекршок “поттикнување, предизвикување и учество во тепачка“, “оддавање на пијанство“ и „непочитување наредба“ – против лицата Г.Н., Г.Т. (за настанот во Бутел), и Г.Ј.С (за настан на гласачко место во ОУ “Глигор Прличев“).

По основ пак на Кривичниот закон, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела, се поднесени три кривични пријави: И.М. од с. Седларци, тетовско, за кривично дело “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ (чл. 383 од КЗ на РМ); З.Ш од с. Мирковци, скопско и Д.М. од Кавадарци за сторено кривично дело “злоупотреба на избирачко право“ (чл. 161 од КЗ на РМ).

Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за расчистување и на останатите случаи кои беа пријавени во текот на вчерашниот ден и по расчистувањето соодветно ќе ја информира јавноста .