Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува на 17-ти октомври секоја година, почнувајќи од 1993 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации, со резолуцијата 47/196, го назначи овој ден за да се поттикне свеста за потребата за искоренување на сиромаштијата и бедата во сите земји.

Темата за 2017 година е: „Одговарајќи на повикот од 17 октомври за крај на сиромаштијата: Пат кон мирни и инклузивни општества“

Темата оваа година нè потсетува на важноста на вредностите на достоинството, солидарноста и нагласувањето на Повикот за акција за да и се стави крај на сиромаштијата насекаде.

WebOhrid