Во врска со настанот што се случи во неделата (15.10.) на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред штабот на политичката партија “ГРОМ“ каде имаше пријава за нарушен јавен ред и мир, како што МВР претходно ја информираше јавноста, во Полициската станица Карпош беа повикани лицата С.Р (51) и Е.Ш (36) од Скопје, со кои што беше извршен разговор. По ова, настанот беше целосно расчистен и документиран и севкупниот доказен материјал со писмено известување е испратен до Основното јавно обвинителство Скопје, кое што согласно ЗКП треба да даде насоки за натамошно постапување.