Објавување на ЕНЕР на Нацрт – извештај за ПВР и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека денес на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и преку е-Влада, е извршена објава на Нацрт – извештајот за проценка на влијанието на регулативата и Нацрт – текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

Согласно постапката утврдена со Методологијата за проценка на влијанието на регулативата и Деловникот за работа на Влада, заинтересираните страни можат да доставуваат предлози, коментари и забелешки на текстот на Законот, во следниве 20 дена.

Одговорно лице и лице за контакт за Нацрт – законот е Драгана Ќурчиоска, раководител на Сектор за нормативно-управни работи и авторското право и сродните права.

Прописите може да се најдат и сочуваат на следниот линк:

https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=q%20ukYA%20k0yzoBwzhCHVE5Q==