Проектот „MAINLAND“, финансиран од Европската Унијаја ja одржа првата обука на тема “Како да се идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште”. Обуката се одржува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Скопје.
Денеска околу 30 претставници на различни сектори и подрачни единици на МЗШВ, како и советници од Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) ќе бидат обучени да ја применат постапката за избор на области за консолидација на земјоделско земјиште. По обуката, учесниците ќе имаат поголемо разбирање за тоа како да ги идентификуваат потенцијалните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со локалните земјопоседници и земјоделски заедници во процесот на изразување на интерес за локални проекти за консолидација на земјиште.
Обуки на истата тема ќе се одржат на 27 и 30 октомври, во Прилеп и Штип, за подрачните единици на МЗШВ и советниците од АПРЗ во соодветните региони. Обучените вработени во МЗШВ и АПРЗ кои се назначени за контакт лица за консолидација на земјоделско земјиште во соодветната општина и понатаму ќе бидат вклучени во кампањата за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште која ќе се спроведува во текот на ноември 2017 година.
Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програмаза Консолидација на земјиште” – или „MAINLAND“ – го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020година. Буџетот на проектот изнесува 2,5 милиони евра. Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.