Општина Охрид со експресна реакција по допис на граѓаните. Откако нашата сограѓанка Емилија Матеска, вчера преку социјалните мрежи реагираше на, според неа, „дивоградбата на улицата Стив Наумов број 51 во Охрид“, надлежните служни при Општина Охрид реагираа соодветно и веднаш се направи увид на лице место за да се утврди дали постапката е легална и дали инвеститорот и изведувачот ги имаат потребните документи за изградба на објектот лоциран во Петта Урбана Единица.
„Во текот на денешниот ден беше испратена екипа составена од полициска екипа и градежна инспекција и беше ИТНО дадена наредба за стопирање со градежните активности. Воедно, и благодариме за дојавата на г-ѓа Матеска и ја охрабруваме неа, но и сите граѓани на Општина Охрид да не информирате за сите вакви и слични проблеми со кои се сретнуваат, а за кои имаат валидни докази дека се пречекорени овластувањата и законски пропишаните норми. За полесна комуникација, во иднина ве молиме да го користите официјалниот маил на Општина Охрид odnosisojavnost@ohrid.gov.mk Одделение за односи со јавност.“- велат од Локалната.