Повеќе од 50% од светската популација живее во градовите, а според Светската Здравствена Организација дури 92% од луѓето кои живеат во градовите дишат загаден воздух. На глобално ниво, аерозагадувањето е причина за 36% смртни случаи од рак на белите дробови, 34% смртни случаи од инфаркти, 27% смртни случаи од срцеви заболувања и претставува сѐ посериозен проблем.
Аерозагадувањето е директно поврзано со климатските промени кои се причина за екстремните временски услови со кои е соочен светот. Токсичните материи во воздухот се главна причина за климатските промени.
Од овие причини, сѐ поважно станува точното и навремено информирање за научните факти околу аерозагадувањето и дискусиите околу можните решенија.
Во понеделник, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со почеток во 11 часот ќе се одржи Втората Конференција за Аерозагадување каде ќе се презентираат најновите согледувања во однос на аерозагадувањето во урбаните средини во Македонија.
Работни јазици на конференцијата се македонски и албански, со обезбеден симултан превод.