Денеска во Министерството за внатрешни работи г-ѓа Магдалена Несторовска, Национален кординатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и државен секретар во Министерството за внатрешни работи оствари средба со преговарачкиот тим на Владата на Црна Гора за соработка во борбата против трговијата со луѓе предводен од г. Зоран Улама, раководител на Националната канцеларија и Националниот координатор за борба против трговија со луѓе.
Преговарачките тимови на Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора работат на изготвување на предлог текстот со кој дополнително ќе се прецизира соработката во областа на борбата против трговијата со луѓе, подобрување на условите за унапредување и размена на информации меѓу надлежните служби како и спроведување заеднички проекти и кампањи.
По завршување на процесот на преговорите помеѓу Република Македонија и Црна Гора ќе следи потпишување на Протокол за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе помеѓу двете држави.
Оваа средба е финансиски поддржана од страна на ОБСЕ, како долгогодишен партнер на Националната комисија за борба против трговија со луѓе.