За нашите служби да можат да бидат ефикасни во откривањето на организираните криминални групи на криумчарење мигранти најважна е брзата и непречена размена на информации, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Министерскиот форум на ЕУ и Западен Балкан за правда и внатрешни работи што се одржува во Софија. „Дозволете да забележам дека постојат голем број билатерални и меѓународни правни инструменти со кои нашите држави се обврзуваат на соработка, учество во заеднички истражни тимови, заеднички мешани патроли, размена на информации. Или со други зборови, правно е регулирана нашата соработка.…
повеќе...Category: Македонија
Преподобна Параскева – Петковден
Денес се слави празникот посветен на Преподобна Параскева- Петковден. Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања…
повеќе...Средба на премиерот Заев со директорот за меѓународни еврејски работи во Американскиот Еврејски Комитет, Бејкер:
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со рабинот Ендру Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот Еврејски Комитет (AJC). Рабинот Бејкер ја поздрави посветеноста на новата Влада за грижа за сите заедници во Република Македонија, влучувајќи ја и еврејската заедница во државава. Тој оцени дека ваквите политики на премиерот Заев и на Владата се од големо значење за Евреите во регионот. Рабинот Бејкер изрази посебна благодарност за поддршката што премиерот Заев ја дава за одржување на Комеморација по повод 75-годишнината од депортацијата на Евреите,…
повеќе...Утре е крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријава
Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври 2017 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2017) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2017 година.
повеќе...Концерт на македонски автори во музејот „Борис Христов“ во Софија
Вечер на македонски автори ќе се одржи вечерва во концертната сала на музејот „Борис Христов“ во Софија. На концертот ќе бидат изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации. На концертот ќе настапат флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ, кои ќе изведат дела од Стојан Стојков, Гоце Гавриловски, Валентина Велковска-Трајановска, А. Мелоти, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица и Трајко Прокопиев. Митева дипломирала на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија и магистрирала во класата на проф. Лидија Ошавкова. Вонреден професор по флејта е на Факултетот за…
повеќе...Објавен е конкурсот за ученички стипендии за учебната 2017/2018 година
Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година Конкурст за доделување 80 (осумдесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година Конкурс за доделување стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско – туристичката струка во…
повеќе...Царовска: Да се подигне свеста кај македонските компании за способностите и можностите на лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претставникот на УСАИД Македонија, Едвард Гонзалес, Томислав Зографски од фондацијата „iVote“ и државниот советник во Државниот инспекторат за труд, Беџет Беџети, денеска потпишаа меморандум за соработка за поддршка на практикантската работа на учесниците во проектот за Социјална инклузија преку технологија. Во своето обраќање на овој настан, министерката Царовска посочи дека примарна цел на професионалната рехабилитација е да им овозможи на лицата со попреченост да обезбедат и задржат соодветно вработување. Затоа МТСП му дава особено значење на процесот на воведувањето на професионалната рехабилитација,…
повеќе...1 Ноември-Празникот на сите светци неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 1 ноември 2017 година (среда), Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
повеќе...Министерот Спасовски на конференцијата „Приватната и јавната безбедност, соработка и партнерство“
„Од аспект на Министерството за внатрешни работи, кое во изминатиот период ја демонстрираше својата отвореност и подготвеност за соработка, пред се со Комората на Република Македонија за приватно обезбедување – како асоцијација која го обединува и дефинира потребите и целите на оваа дејност – и тоа како е важно прашањето за продлабочување и надградување на нашето досегашно партнерство во насока на поголема ефикасност и функционалност во заедничкото делување“, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на конференцијата „Приватната и јавната безбедност, соработка и партнерство“ во рамките на кампањата „Денови на…
повеќе...Oбраќање на претседателот Иванов на свеченото отворање на форумот „Кран Монтана“
Oбраќање на претседателот Иванов на свеченото отворање на форумот „Кран Монтана“ Дами и господа, Ние, земјите кандидати за членство во Европската Унија ја користиме секоја можност за да праќаме пораки до Унијата. Често тоа го правиме од форумите што се организираат низ европскиот континент. Дел од тие пораки, за жал, никако да стигнат до Брисел. Па затоа, благодарeниe на форумот „Кран Монтана”, денеска сме собрани тука, во Брисел, во политичкиот и во административниот центар на Европската Унија за да им помогнеме на креаторите на европските политики да ги чујат пораките.…
повеќе...