Вечерва, Македонската филхармонија со солистот Дино Имери и диригентот маестро Борјан Цанев свечено ќе ја отвори новата сезона. Министерот за култура на РМ, Роберт Алаѓозовски и в.д директорот на Филхармонијата, Виктор Илиески денес го претставија новиот објект за медиумите и информираа за сите зафати кои беа спроведени за објектот да ги добие сите потребни дозволи за официјална употреба. „Задоволен сум што Македонската филхармонија е целосно подготвена да ја почне својата зимска сезона на најдобар можен начин. Во изминативе 5 месеци покажавме дека не само што можеме да работиме согласно даден…
повеќе...Category: Македонија
Средба на премиерот Заев со косовскиот министер за надворешни работи Пацоли
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и државниот секретар во МНР Виктор Димовски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Косово, Беџет Пацоли, придружуван од владина делегација на Косово и амбасадорот на Република Косово, во Република Македонија, Илбер Хиса. Kосовскиот министер за надворешни работи, Пацоли пренесе поздрав до премиерот Заев од косовскиот премиер Рамуш Харадинај и оцени дека премиерот Заев со огромна вештина и достоинство воспоставил едно општество за сите. Со тоа, како што рече косовскиот министер…
повеќе...Вицепремиерот Анѓушев на отворање на Технома 2017
Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на 43-от меѓународен саем Технома 2017. Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Технома е важна манифестација на која своите производи ги презентираат сите компании од техничка област, односно од енергетиката, градежништвото, металургијата и електротехниката. Тој потенцираше дека 43 годишното постоење на манифестацијата е доказ за успешноста и дека вакви манифестации се особено важни за поврзување и склопување на бизнис зделки помеѓу бизнис партнери. Вицепремиерот истакна задоволство што на Технома/Макинова ќе учествуваат и над 100 иноватори, од кои околу…
повеќе...Од понеделник снег во Македонија
Суво и значително потопло време преку денот, најавува за утре и за петок Управата за хидрометеоролошки работи. Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има во сабота. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег. Максималната температура во петок ќе достигне 24 степени, а во вторник минималната температура ќе се спушти до -4 степени. Извор: НетПрес
повеќе...Одделенијата за управни работи ќе работат на 28-ми и 29-ти Октомври
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделенијата за управни работи ќе работат во сабота и недела (28 и 29.10.2017). Сите барања за издавање лична карта(оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно исклучиво во регионалните Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи каде што граѓаните ќе гласаат во втор круг на локалните избори за градоначалници на општините и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(28.10.2017 година) до…
повеќе...Збирни податоци за вкупен криминал по области и сектори во периодот од 2010 – 2016 година
Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа при Министерството за внатрешни работи изготви збирна анализа за вкупниот криминал по области и сектори во периодот од 2010 до 2016 година во Република Македонија. Извештајот може да го преземете од следниот линк: https://docs.google.com/spreadsheets/d/13DbLn6WQ288YssjZwhzO6NHw4Kh5_qdWZuN_-6a72ko/edit?usp=sharing
повеќе...Кривична пријава за фалсификување платежни картички
Отсекот за истраги на интернет и електронско плаќање во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Ј.Ј.И. (29) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ по член 271-б став 3 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б став 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Ј.Ј.И. во периодот од 12.02 до 24.02.2016 година неовластено набавил уреди за снимање на…
повеќе...Средба на премиерот Заев со синдикалните претставници на Еурокомпозит
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Пеце Ристески, претседател на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија, Маре Анчева, генерална секретарка на СИЕР, Влатко Чурлиноски, претседател на синдикалната организација на СИЕР при Еурокомпозит – Прилеп, како и неколкумина други претставници на синдикалното раководство на Еурокомпозит. „Следната недела на владина седница ќе се донесе одлука за обезбедување средства за една плата на вработените во Еурокомпозит. Веќе активно се разгледува можноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените кои со месеци не примаат плата,…
повеќе...Министерот Спасовски на Завршната министерска конференција за проектот „Борба против организираниот криминал“
Свесни сме дека последиците од дејствувањето на криминалните групи не предизвикуваат само економски последици туку тие сериозно ги загрозуваат и безбедноста, национална и регионална и токму затоа заедничката посветеност и успешна соработка треба да бидат високи приоритети за нашите земји, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање на Завршната министерска конференција за проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичното право“, во Трст, Република Италија. Проектот се реализираше како регионален проект ИПА 2014, а како негов носител од страна на ЕК беше назначено италијанското министерство за…
повеќе...Британски искуства за политиките за креирање стратегии и стратешки документи за одбрана и безбедност
Меѓуминистерската група за надгледување на процесот на изработка на стратешките одбранбени документи, со која претседава Заменичката претседателка на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, а во чиј состав се и Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за правда Билен Саљији, денеска имаше средба со Стивен Гловер, висок советник за одбрана и безбедност во Министерството за меѓународен развој (DFID) на Велика Британија. Експертот за одбранбени политики од…
повеќе...