Виц

Полицијата привела еден човек и почнала да го испрашува: – Дали тој дилер ви даваше дрога? – Не! – Дали ви даваше неговата сопруга? – Уште ме прашувате за дрога, така?!

повеќе...

Виц

Решиле животните да одат на годишен одмор… – Лавот се спремил и тргнал сам. – Тигарот ја повикал љубовницата и заедно заминале на некое романтично место. – Мајмунот отишол на одмор со жената…

повеќе...

Виц

Еден човек секој ден му се молел на Господ: – Господе, дај да добијам на лото, те молам да добијам на лото, како сите добиваат само јас не добивам? Господе, дај да добијам на лото… Господ му рекол: – Па зошто не уплатиш човеку, како да добиеш кога не уплаќаш!

повеќе...

Виц

Затрчано детето се враќа од училиште: – Мамо, мамо, бато го изгази кола! Мајката се запрепастила, не можела да поверува. – Што!?!?!?! Детето веднаш: – Апри-ли-ли-ли!!! Мајката налутена: – Не е убаво да ме лажеш за такви работи! А детето со наведната глава: – Извини мамо, не беше кола, камион беше!!!

повеќе...

Виц

Влегува Трпе во кафана со двете раце во гипс. Па пријателите го прашуваат: – Што ти е Трпе, кажувај брзо!? – Аман, не прашувајте, бев на швалерај, па ме фати мажот и… – Уф Трпе, што те снајде! – Излегов низ прозор и се фатив за олукот, ама тој ме најде… – Леле, кутриот ти! – Па не е тоа ништо! – Како не е, што ти правеше? – Зеде чекан, па почна да ме удира по рацете, по прстите! – Леле, леле! – Па не е тоа најлошо! –…

повеќе...

Виц

Двајца лудаци се договориле да побегнат од лудница. Направиле план и почнале да бегаат. Избегале низ дворот, прескокнале еден, два, три ѕидови… четири, пет, шест… така прескокнувајќи ги ѕидовите стигнале до последниот, дваесеттиот ѕид, кога одеднаш му текнало на едниот и му вели на другиот: – Еееј, стој! Мораме да се вратиме назад! Заборавивме да го ѕвекнеме чуварот!!!

повеќе...

Виц

Влегла една пензионерка во погребално претпријатие: – Добар ден! Би сакала да порачам еден споменик за мене… сакам да биде најевтин… да го пишува моето име, а најдолу да пишува „невина се роди, невина живееше, невина умре“. – Госпоѓо! Наплатуваме по буква, па најевтино би ве фатило да напишеме „вратена неотпакувана“!

повеќе...

Виц

Еден човек играл голф со својот пријател. Само што сакал да ја удри топката, забележал погребна поворка како поминува покрај теренот. Застанал, ја симнал капата и се поклонил. Неговиот пријател го видел тоа и го прашал: – Што ти е? Не знам зошто стана толку чувствителен!? – Па, како не би бил, сепак, бевме во брак 35 години!

повеќе...

Виц

Отишол селскиот петел во град. Сакал да најде некоја градска кокошка да ја легне, ама никако да најде. Го завртел целиот град, кога одеднаш видел еден куп кокошки кај што се печат во излогот на една продавница, па рекол: – Аха, тука сте манекенки! Јас ве барам низ цел град, а вие тука во солариум!!!

повеќе...

Виц

Бабата и дедото решиле да се разведат во 100-тата година од својот живот. Судијата зачудено ги погледнал и ги прашал: – Добро, нема да има проблем за развод, но зошто сте чекале олку долго?!? – Знаете… господине судија… чекавме децата да ни изумрат… за да не се секираат!

повеќе...