Една жена влегува во аптека и му вели на аптекарот дека сака да купи арсен. – Што ќе ви е арсен? – ја прашал тој. – Сакам да го убијам маж ми, бидејќи ме изневерува! – му одговорила таа. – Ама госпоѓо, ви се молам, не можам да ви продадам арсен за да го убиете сопругот, без разлика дали ве изневерува или не! – и одговорил тој. Жената од џебот извадила фотографија, а на фотографијата нејзиниот маж со жената од аптекарот. Ја видел аптекарот и рекол: – Јас многу ви…
повеќе...Category: Виц
Виц
Малиот Перо го прашал татко му: – Тато, дали ти знаеш, кој воз најмногу доцни? – Појма немам синко! Кој? – Па оној што ми го вети за роденден!
повеќе...Виц
Некој човек си одел по улица и одеднаш го нападнале разбојници. Го тепале, го кршеле од ќотек цели пет минути, кога од горе на ридот се појавил еден тип на црн коњ, со црн превез на очите, со црн шешир, меч во раката и црн мантил, а на капата имал буква „З“. Типот се симнал од ридот и ги направил крш сите до еден… А човекот едвај станал од земја, целиот искршен, го гледа и му вели: – Фала ти, ЗУПЕРМЕН!!!
повеќе...Виц
Плавуша, бринета и црвенокоса работеле заедно кај една шефица која секој ден си заминувала порано од на работа. – Еј, девојки! Ајде денес и ние да си одиме порано! Шефицата нема да знае! – им предложила бринетата. И така сите си заминале порано. Бринетата отишла да заврши некои работи низ градот. Црвенокосата си отишла на кафе, а плавушата си заминала право дома и го затекнала мажот со нејзината шефица. Внимателно избегала, без да ја видат, и си се вратила повторно на работа, а подоцна си се вратила дома во вообичаеното…
повеќе...Виц
Шерлок Холмс и доктор Вотсон отишле на кампување. После вечерата и доброто вино, си легнале во шаторот и веднаш заспале. По неколку часа, Шерлок Холмс се разбудил и веднаш го разбудил и д-р Вотсон. Шерлок Холмс: – Еј, Вотсон, погледни го небото и кажи ми што гледаш! Д-р Вотсон: – Гледам милиони и милиони ѕвезди… Шерлок Холмс: – Што заклучуваш од тоа? Д-р Вотсон: – Астрономски, тоа ми кажува дека постојат милиони галаксии, можно е и милијарди планети. Астролошки, приметувам дека Сатурн е влезен во Лав. Временски, заклучувам дека е…
повеќе...Виц
Двајца лудаци бегале од лудница. Како што бегале едниот трчал трчал и за да не го примети чуварот скокнал во еден џбун. – Кој е таму? – викнал чуварот. – Мјаууу, мјаууу…. – Ах, добро, тоа е само мачка! – воздивнал чуварот. Вториот лудак исто така трчајќи скокнал во џбунот. – Кој е таму? – повторно викнал чуварот. – Уште една мачка! – викнал вториот лудак.
повеќе...Виц
Една жена влегла во продавница за домашни миленичиња. Ги разгледала сите животни, но очите и застанале кај еден прекрасен, но многу евтин папагал… – Што е работава, зошто овој папагал е толку евтин? – прашала жената. – Знаете, тој папагал ни го дадоа од една јавна куќа, па кој знае што се видел таму… – Ако, мене тоа не ми смета! – рекла жената и го купила папагалот. Штом го донела дома и, папагалот почнал да зборува: – Нова куќа, нова Мадам… Жената се насмеала. Дошла ќерка и, а папагалот…
повеќе...Виц
Шетаат две деца и гледаат една стара баба качена на дрво. Па едното почнало да ја зеза: – Што е бабо, што си се качила на дрво? Да не е „Ред Бул“? – Не, синко! Пит бул!
повеќе...Виц
Брачен пар се вози на автопат, 100 km/h. Жената вози, а мажот мирно разгледува наоколу, се врти кон неа и и вели: – Оженет сум веќе преку 20 години, но сакам да се разведам од тебе, сакам развод!!! Жената ништо не одговорила, само продолжила да вози зголемувајќи ја брзината на 110. – Не сакам да се обидуваш да ме спречиш, знаеш… јас сум во врска со твојата најдобра пријателка! Жената повторно ништо не одговорила, само ја зголемила брзината на 120. – Сакам да ја задржам колава! – рекол тој, а…
повеќе...Виц
Три брачни парови решиле да ги прослават своите годишнини од бракот во еден хотел. После вечерата сите си заминале во своите соби. Утрото за доручек се нашле мажите: едниот со помодрено око, другиот со скршена рака, а третиот со скршени нозе. Го прашале првиот што му се случило: – Не прашувајте! Си влеговме во соба, почнавме да ги правиме оние работи, си завршивме работа и јас по навика од џебот вадам 100 евра и и ги давам на жена ми. Таа толку се налути што го фати пепелникот и ме…
повеќе...