Крадец провалил во една куќа и почнал да кради. Наеднаш се слушнал глас: – Исус те гледа! Се свртил крадецот, не видел никој и продолжил да кради. Повторно истиот глас: – Исус те гледа! Исплашен, крадецот запрашал: – Кккоој е тттамму? – Мојсеј! Крадецот се загледал во темницата, кога видел еден папагал во кафез и го прашал: – Кој идиот му дава име „Мојсеј“ на папагал? А папагалот на тоа му одговорил: – Истиот тој кој на доберманот зад тебе му го даде името Исус!!!
повеќе...Category: Виц
Виц
Отишол еден Американец во Африка и почнал да им држи говор на Африканците: Американецот: Ние Американците и вие Африканците сме браќа! Африканците: ТАМБА!!! Американецот: Ние ќе ви даваме еден вагон со жито, а вие нас само еден вагон со сребро! Африканците: ТАМБА!!! Американецот: Ние вас ќе ви даваме вагон полн со пченка, а вие нас само еден вагон со злато! Африканците: ТАМБА!!! Завршил со својот говор Американецот и тргнал да го разгледа селото. Стигнал до реката и ги видел Африканците како се капат голи, гледа еден со „алатот“ до колена…
повеќе...Виц
Некоја жена си купила детектор за лаги. Го донела дома и почнала да го испитува синот: – Што доби на тестот по математика? – Петка. Детекторот почнал да свири. – Добро де, тројка добив! Детекторот: Бииииип! – Мамо кец добив ама ќе го поправам! Мајката: Јас кога одев на школо сите ми беа петки. Детекторот почнал да пишти. Таткото: Кога јас одев на училиште… Детекторот речиси експлодирал. Синот: Тато па ти не си одел на училиште! Таткото: Сине, немој да ме зезаш, па јас сум ти татко, што мислиш на…
повеќе...Виц
Се расипал авион во кој се превезувале 100 патници, а имало само 99 падобрани. Пилотот: Трпе, ајде подели им падобрани на сите! Трпе: Готово, сите скокнаа, ајде, еве ти падобран! Пилотот: Трпе, ти скокај, јас останувам со авионот! Трпе: А зошто да не скокнеме и двајцата? И онака на Јапонецот му дадов ранец!!!
повеќе...Виц
Тргнале Трпе и Трпана на крстарење околу светот со луксузен брод. Така една вечер додека вечерале во ресторанот Трпе рекол: – Замисли Трпано, оној бродскиот доктор се фалел дека успеал да ги легне сите жени на бродов, освен една. – Ах, тоа мора да е онаа одвратната баба што седи сама на шанкот!
повеќе...Виц
Се натпреварувале тројца другари кој може да преплива растојание од три километри. Скокнале сите тројца и почнале да пливаат. По еден километар првиот рекол: – Не можам повеќе, и се удавил. По два километри вториот рекол: – Не можам повеќе, и тој се удавил. Некаде на стотина метри пред целта, третиот рекол: – Не можам повеќе, се свртел и се вратил назад.
повеќе...Виц
Во едно село најдобриот и најбрз коњ се разболел. Газдата го видел и рекол дека доколку коњот не стане за три дена, ќе го убие за да не се мачи. Го слушнала свињата ова и веднаш отрчала кај коњот да му каже: – Станувај, ако не застанеш на нозе газдата ќе те убие! Коњот собрал сила и едвај застанал на нозе. Кога го видел газдата, цел радосен извикал: – Луѓеее, коњот се опорави! Ајде да ве почестам, ќе ја заколам свињата!!! Поука: НЕ МЕШАЈТЕ СЕ ВО ТУЃИ РАБОТИ !
повеќе...Виц
Запира полицаец маж и жена за брзо возење, па го прашува мажот: – Ти бе, пијан возиш, а? – Добро де, се поднапив малце. – Жена ти нема возачка? – Има. – Па, што не и дадеш нејзе да вози? – Абе, јас ако сум пијан, не сум будала!
повеќе...Виц
– Кажи ми мили, што ако паднам во рекава, што би направил за мене? – Па најискрено, веднаш би отрчал по помош во првото село. – Но мили, до најблиското село има 20 километри! – За тебе срцка, би отрчал и многу подалеку!!!
повеќе...Виц
На натпревар во стрелање се сретнале: Стојан, Робин Худ и Трпе. Тие требало да стрелаат во јаболко што стоело на главата на еден човек. Излегол Стојан, гаѓал, го погодил јаболкото и рекол: АЈ ЕМ СТОЈАН! Потоа стрелал Робин Худ, тој ја расцепил и стрелата од Стојан и јаболкото на два дела и вели: АЈ ЕМ РОБИН ХУД! Доаѓа на ред Трпе, стрела и го погодил човекот среде чело и вели: АЈ ЕМ СОРИ!
повеќе...