Виц

Разговараат двајца другари: – Дали и уплати на жена ти за да оди на одмор? – Не, сеуште не! А ти? – Да, јас и уплатив! – А каде? Кај ќе ја пуштиш? – Па… било каде во Бермудскиот триаголник!!!

повеќе...

Виц

Жената му вели на мажот: – Дали се убави моите очи? – Да! – Дали ти се допаѓа мојата коса? – Да! – Личат ли моите заби на бисери? – Да! – А дали имам убави нозе? – Да! – Ах, мили! Како умееш да се додворуваш!

повеќе...

Виц

Прашање: Зошто Американците повеќе не се плашат од Петок 13-ти? Одговор: После сето она што се случува секојдневно во Америка, не остана веќе нeшто што може да ги исплаши!

повеќе...

Виц

Рамче решил да се обеси поради тешкиот живот. Нашол дрво да се беси и си го врзал јажето околу стомакот. Во меѓувреме наишол некој човек. – Што правиш? Рамче: Сеее бесааам!!! – Ако сакаш да се бесиш јажето треба да ти биде околу вратот! Рамче: Аха да, сигурно, па да се угушам!

повеќе...

Виц

Новинар интервјуира американски милијардер: – Како стекнавте толкаво богатство? – Многу едноставно. Кога стигнав во Њујорк, на пристаништето најдов едно јаболко. Убаво го исчистив и го продадов за еден долар. Со тој долар купив уште две валкани јаболка, ги исчистив и ги продадов за два долари. Потоа купив четири јаболка и… – Извонредно, се воодушевил новинарот. Потоа повеќе купувавте повеќе продававте… – Па не, не баш. Кога купив четири јаболка дознав дека умрел дедо ми и дека сум наследил 10 милијарди долари.

повеќе...

Виц

Тргнале Трпе и Трпана на крстарење околу светот со луксузен брод. Така една вечер додека вечерале во ресторанот Трпе рекол: – Замисли Трпано, оној бродскиот доктор се фалел дека успеал да ги легне сите жени на бродов, освен една. – Ах, тоа мора да е онаа одвратната баба што седи сама на шанкот! – одговорила Трпана.

повеќе...

Виц

Жената му се дере на мажот: – Абе мажу, колку си глуп, поглуп не можеш да бидеш! Уф, колку ме нервираш… Да имаше натпревар во глупост, второ место ќе освоеше!!! – Зошто пак сега второ место? – Па, затоа што си глуп!

повеќе...

Виц

Веднаш после операцијата, пациентот се буди и го прашува докторот: – Докторе, дали ќе можам да свирам виолина по операцијата? – Секако. – Еј супер, досега не можев!

повеќе...

Виц

Оди жена во книжарница и му вели на продавачот: – Дали ја имате книгата „Жената господар на куќата“? – Госпоѓо, штандот за научна фантастика е од другата страна! – и одговорил продавачот.

повеќе...