Виц

Докторот го прегледал пациентот и му вели: – Вам ви е потребен совршен одмор. Ќе ви препишам таблети за спиење. Давајте и на жената 3 пати на ден!

повеќе...

Виц

Две плавуши си оделе по улица и едната и вели на другата: – Еј, погледни го она куче со едно око! Другата ја ставила раката на око и вика: – Каде, каде?

повеќе...

Виц

Отишол Рамче на доктор со синот… – Господин доктор, овој малиов ништо не јаде! Ни леб, ни млеко, ни месо, ни шеќер, ни колбаси, ни риба… ама баш ништо! – Хмм… а зошто не јаде? – Па, сиромаштија бе докторе!!!

повеќе...

Виц

Влегува полицаец во автобус и му вели на шоферот: Полицаецот: Дајте ми две карти! Шоферот: Зошто ти се две карти? Полицаецот: Па, ако изгубам една, да имам друга! Шоферот: А ако ги изгубиш двете? Полицаецот: Имам месечна! Шоферот: А што ако ја изгубиш и неа? Полицаецот: Еее, униформирани лица не плаќаат карта!!!

повеќе...

Виц

Во авион се возеле Шкотланѓанец, Французин и Авганистанец. Дошла стјуардесата, па ги прашала што ќе се напијат: Шкотланѓанецот: – Јас сакам едно шкотско виски! Французинот: – Јас сакам едно француско вино! Авганистанецот: – За мене ништо, сега ќе возам!!!

повеќе...

Виц

Жената го прашува мажот: – Каде си ти досега, 7 часот наутро е!? – Па, мила бев на ергенска вечер, па отидовме… – Леле, леле, изгледа најде некоја, па цела вечер со неа! –  Ама не, навистина, од каде тоа?! – Ајде, те молам, немој да ме лажеш, како јас никогаш да не сум била на ергенска вечер!!!

повеќе...

Виц

Тројца програмери седат и си разговараат за тоа која е подобра: жената или љубовницата… Првиот вели: – Жената, бидејќи со неа имам љубов и стабилна врска. Вториот: – Љубовницата, бидејќи со неа ми е повозбудливо и има повеќе страст. Третиот: – Ни едната, ни другата! Жена ми мисли дека сум кај љубовницата, љубовницата мисли дека сум кај жена ми, а јас убаво си седам и си програмирам!!!

повеќе...

Виц

Во една фабрика дошле инспектори и почнале да поставуваат прашања:  – Колку работници работаат во фабрикава? – Заедно со шефот, или без шефот? – Без шефот! – Ниеден!!!

повеќе...

Виц

Синот го прашува татка си: – Тато, тато! Што е тоа куплерај?!? Таткото му удрил една шлаканица и му рекол: – Бегај таму мангуп еден! И… престани да се мешаш во политика!!!

повеќе...

Виц

Малиот Перо се вратил дома со крвав нос. Мајка му го пречекала и го прашала: – Што се случило Перо? – Едно дете ме касна за нос! – Дали можеш да го препознаеш? – Секако! Во џебов го имам неговото уво!!!

повеќе...