Основци од „Григор Прличев“ учеа за безбедно користење на интернетот

Учениците од шесто одделение од ОУ „Григор Прличев“ денес го посетија Интернет кафето INSIDE, каде имаа можност да научат нови работи за заштитата и безбедното користење на интернетот. Интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Сепак, бројни потенцијални опасности и ризици за приватност и безбедност на неговите корисници реално постојат, особено за приватноста и безбедноста на децата и тинејџерите и нивните семејства. Децата се особено подложни поради нивната детска отвореност, наивност и неискуство, но и возрасните бидејќи…

повеќе...

Промоција на едукативна брошура „Насмевка без кариес“

Во рамки на одбележување на Неделата на забоздравствена заштита од 15-21 декември, Црвен крст Охрид реализира едукативни предавања во основните училишта во Охрид на кои, од страна на лекар-стоматолог учениците се информираат за правилна орална хигиена, значењето од редовна контрола на забите и начинот на превенција и заштита од кариес. Во рамки на овие активности, денес во 19 часот во просториите на Црвен крст Охрид, ќе биде промовирана едукативна брошура со наслов „Насмевка без кариес“ изработена од Д-р стоматолог Кристина Стојаноска Алоска, во издание на Црвен крст Охрид.

повеќе...