Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста „јазлеста кожа“ кај говедата денеска пристигнаа во Република Македонија. Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек. Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста „јазлеста кожа“.
повеќе...