Пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/16). Кованата пара „Мајка Тереза“ ги има следниве карактеристики: на аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. на реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани…

повеќе...