Наградата „Живко Чинго“ за расказот под шифра Аура

Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра Аура, е годинешен добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Вака одлучи тричлента комисија во состав, проф. д-р Димитар Пандев – претседател и членовите, Мирко Томовски и Смиле Наумоски. По претходно распишаниот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, а по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, за наградата аплицирале 90 раскази. Комисијата со задоволство констатира дека повеќето од пристигнатите раскази имале високи уметнички вредности што укажува на подемот на македонскиот расказ во актуелниов миг поттикнат од овој конкурс. Расказот…

повеќе...