Во рамки на „Неделата за борба против гладта“, денес, општина Охрид во соработка со општинската организација на Црвен Крст, на социјално ранливите семејства им доделија пакети со основни животни намирници. Во име на општина Охрид, пакетите ги доделуваше заменик градоначалникот, Ангел Јанев, кој истакна: „Оваа недела е посебно важна бидејќи преку помошта на граѓаните од социјално ранливите групи се подигнува и јавната свест за грижа кон нив. Таа свест е постојано присутна во Охрид и благодарение на таа свест голем број на наши сограѓани кои се од социјално поранливите категории…
повеќе...Tag: пакети
Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик
Во пресрет на Богојавленските празници, како изминатите две така и оваа година Општина Охрид во соработка со Црвен Крст денеска додели пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена на 50 социјално најзагрозени семејства од Охрид. На хуманитарниот настан присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека вакви акции и во иднина ќе организира или кон нив ќе се приклучува Општина Охрид. „Ние се трудиме во текот на целата година низ различни акции да има вакви настани, а оваа во пресрет на празникот Богојавление веќе прераснува во традиција. Со…
повеќе...