Охридското Езеро порибено со триста илјади единки подмладок ендемична пастрмка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка. Станува збор за триста илјади единки со должина од седум до осум сантиметри и тежина 2,5 до три грама, подмладок изведен од првото измолзување пастрмка спроведено на 17 јануари оваа година. Министерот Цветков при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид потсети дека за годинешното порибување на езерото со ендемичен вид охридска пастрмка се издвоени средства во износ од 7,5 милиони денари, за излов, одгледување и порибување со околу 2,4 милиони…

повеќе...