Министерот Адеми присуствуваше на Свечената академија по повод 5-ти Октомври – Светскиот ден на учителите

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на Свечената академија по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, која се одржа во просториите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. „Верувам дека сите ние ја паметиме возбудата од првото училишно ѕвоно и контактот со првиот наш учител, сите ние се сеќаваме на првиот контакт со бројките и буквите. Подоцна, свесни за вештините што во текот на образовниот процес сме го стекнале, ја оддаваме почитта кон нашите учители, оние што не внеле во светот на писменоста.…

повеќе...