Ќе се бројат гнездата на штркови низ цела Македонија

Македонско еколошко друштво (МЕД) почнува иницијатива за броење гнезда на штркови на целата територија на Македонија. Според МЕД, најголемото подрачје, кое е и најтешко да се опфати целосно заради големата површина и број на гнезда е Пелагонија. Броењето гнезда на штркови се спроведува во истиот период низ цела Европа, а намалувањето или растот на бројот на штркови е важен индикатор за квалитетот на животната средина во која живееме. Акцијата, во наредните неколку недели ќе ја реализираат волонтери и локално население од Скопје, Гевгелија, Кавадарци, Радовиш, Валандово, Струмица, Ресен и Охрид.…

повеќе...