Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.…

повеќе...

Свети Мина, патријарх Цариградски

Свети Мина, патријарх Цариградски Мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на Св. Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Евтихиј и Свети Георгиј Лимниот (Езерски)

Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник ангел. Во затворот примаше небесен леб од ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, но најпосле…

повеќе...

Свети Виктор и Светиот маченик Луп

Свети Виктор Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст. Светиот маченик Луп Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот…

повеќе...

Светиот пророк Самуил

Денес е празник посветен на Светиот пророк Самуил. Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на…

повеќе...

Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Муслиманите имаат два празника: Фитр Бајрам (Рамазан Бајрам или Еид Ал Фитр) и Курбан Бајрам (еид ал адха). Празниците во исламската религија немаат само свечена димензија, туку суштината на празникот и неговата филозофија е многу поголема. Исламските празници следуваат откако ќе се заврши одредена задача или обврска. Фитр бајрам (еид ал фитр) следува по завршувањето на месецот Рамазан, односно на крајот на една важна задача во овој месец: обврската за постење, еден од столбовите на исламот. Додека, Курбан Бајрам се прославува во текот на извршувањето на петтата исламска должност Хаџ.…

повеќе...

Преподобната царица Ирина

Преподобната царица Ирина Монашкото име ѝ е Ксенија. Жена на царот Кало-Јован (1118 г. – 1143 г.). Освен по нејзините монашки подвизи и многубројни добри дела, прочуена е и како основоположничка на манастирот Пантократор во Цариград, еден од најславните и најубавите цариградски манастири.

повеќе...

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив…

повеќе...

Светиот апостол Матиј и Светиот маченик Антониј

Светиот апостол Матиј Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на Свети Симеон Богопримец во Ерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј беше прибројан кон Седумдесеттемина помали Христови ученици, но по воскресението на Господ, бидејќи местото на Јуда којшто Го предаде беше испразнето, апостолите со жрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина…

повеќе...

Преображение на Господ Исус Христос на Тавор

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19-ти август, односно 6-ти август. На овој ден се прославува преображението на Христос на Тавор, кога Господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да…

повеќе...