Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина…

повеќе...

Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение

Денес се слави празникот посветен на Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение. Кога Светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Автоном

Се оддалечи во времето на гонењето на Диоклецијан од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на Светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабожци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабожците и тие еден ден јурнаа во црквата на…

повеќе...

Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари

Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“

повеќе...

Светите Јоаким и Ана

Денес е празник посветен на Светите Јоаким и Ана. Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на Свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост Ја роди Пресвета Богородица. Јоаким и Ана живееја…

повеќе...

Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта

Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј.

повеќе...

Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Денес е празник, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се…

повеќе...

Свети Јован, архиепископ Новгородски

Свети Јован, архиепископ Новгородски Беше најпрво свештеник, а потоа, од 1162 година, епископ во Новгород. За време на својот живот изгради седум цркви. Имаше видение на Пресвета Богородица и необична сила над демоните, коишто дури ги принудуваше и да му служат. Чудесно го сочува Новгород од нападот на седумдесет и двајца кнезови. Страдаше од искушенијата ѓаволски, но со силата на крстот и молитвата сите ги совлада. На старост се повлече во манастир, прими схима и мирно се упокои во Господ на 7 септември, 1185 година.

повеќе...

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни.…

повеќе...

Преподобен Давид

Преподобен Давид Беше разбојнички водач околу Хермопол во Мисир и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави Светиот Архангел Гавриил, којшто му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.

повеќе...