Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15 мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен. Св. Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес…
повеќе...Tag: религија
Светиот пророк Еремија
Светиот пророк Еремија e роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Ерусалим и телото долго ќе му се…
повеќе...Светиот апостол Јаков
Светиот апостол Јаков е син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него почнаа да…
повеќе...Свети Василиј Острошки
Свети Василиј Острошки родум е од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, с ѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во…
повеќе...Светиот апостол Симеон
Светиот апостол Симеон е еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во Седумдесеттемина апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на ерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град…
повеќе...Свети апостол и евангелист Марко
Светиот апостол и евангелист Марко му бил сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус Христос, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на…
повеќе...Светите маченици Лука и Никола и Преподобна Елисавета
Светите маченици Лука и Никола Лука беше прекрасно момче и кројач по занает, пострада за Христа во 1546 година. Никола прими мачеништво за Христа во 1776 година. Преподобна Елисавета Во раната младост прими монашки чин во манастирот на Св. Козма и Дамјан во Цариград. Заради Христа и за спасението на својата душа живееше во тежок подвиг. Себеси се сметаше за невеста Христова, а овој свет за непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегуваше нејзината голема милосрдност кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот што ѝ го даде…
повеќе...Свети Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден
Ѓурѓовден се празнува на 6ти мај. Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Ѓорѓи е роден во Кападокија, во Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи…
повеќе...Светиот маченик Леонид
Денес е празник посветен на Светиот маченик Леонид. Таткото на Ориген. Пострада за Христа во Александрија во 202 година. Најпрво со царски указ му го одзедоа сиот имот, а потоа го осудија на смрт. Ориген му пишуваше на својот татко во затворот: „Не грижи се за нас и не го одбегнувај мачеништвото заради нас“ (т.е. заради децата).
повеќе...Светиот маченик Теодор и другите со него
За верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку…
повеќе...