Спомен на Третиот Вселенски Собор

Денес се празнува споменот на Третиот Вселенски Собор. Овој Собор се состана во 431 година во Ефес, во времето на царот Теодосиј Помладиот. На Соборот присуствуваа двесте отци. Овој Собор го осуди Несториј, Цариградскиот патријарх, заради еретичкото учење за Пресвета Дева Марија и за раѓањето на Господ. Имено, Несториј не сакаше да Ја нарекува Пресветата Дева Богородица, туку Христородица. Со осудата на Несториј Светите отци утврдија Пресветата Дева да се именува Богородица. Освен тоа, ги потврдија одлуките на Првиот и Вториот Вселенски Собор, особено Никејо-Цариградскиот Символ на Верата и заповедаа…

повеќе...

Светите Јоаким и Ана

Денес е празник посветен на Светите Јоаким и Ана. Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на Свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост Ја роди Пресвета Богородица. Јоаким и Ана живееја…

повеќе...

Верниците се поклонуваат пред чудотворната икона на Богородица во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Денес беше отслужена света литургија на која чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. Денес е Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу…

повеќе...

Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта

Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј.

повеќе...

Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Денес е празник, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се…

повеќе...

Свети Јован, архиепископ Новгородски

Свети Јован, архиепископ Новгородски Беше најпрво свештеник, а потоа, од 1162 година, епископ во Новгород. За време на својот живот изгради седум цркви. Имаше видение на Пресвета Богородица и необична сила над демоните, коишто дури ги принудуваше и да му служат. Чудесно го сочува Новгород од нападот на седумдесет и двајца кнезови. Страдаше од искушенијата ѓаволски, но со силата на крстот и молитвата сите ги совлада. На старост се повлече во манастир, прими схима и мирно се упокои во Господ на 7 септември, 1185 година.

повеќе...

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни.…

повеќе...

Преподобен Давид

Преподобен Давид Беше разбојнички водач околу Хермопол во Мисир и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави Светиот Архангел Гавриил, којшто му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.

повеќе...

Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

Денес е празник посветен на Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета. Таткото на Свети Јован Предвесник. Син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод, детеубиецот, еден ден Захарија служеше според својата чреда во ерусалимскиот храм. И во олтарот му се јави ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лука 1). И му објави ангелот…

повеќе...

Светите Седумдесетмина маченици и Светите маченици Јувентин и Максимин

Светите Седумдесетмина маченици На чело со Урван, Теодор и Медимнон беа избрани од цариградските христијани во времето на Валентовото гонење на православните, како најблагочестиви и најугледни граѓани на престолнината да појдат во Никомидија за да го молат царот еретик (аријанец) барем животите на православните христијани да им ги поштеди. Царот се разјари и им рече да се вратат, а тајно им нареди на корабџиите кога ќе испловат со коработ на море да го запалат, а самите да се спасат скришно и да се вратат во чамец. Злите слуги на злобниот…

повеќе...