Денес е празник посветен на Светиот пророк Илија – Илинден. Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во…
повеќе...Tag: вера
Светиот маченик Емилијан и Преподобниот Јован многустрадален
Светиот маченик Емилијан Во времето на Јулијан Отстапник во тракискиот град Доростол живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот Отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна Свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши…
повеќе...Светата маченичка Марина – Огнена Марија
Денес е празник посветен на Светата маченичка Марина – Огнена Марија. Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше…
повеќе...Свети Владимир, голем кнез руски
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти…
повеќе...Преподобниот маченик Никодим и Света Елена
Преподобниот маченик Никодим Родум од Елбасан. Беше женет и имаше деца. Намамен од Турците го прими исламот и насилно ги преведе своите деца во ислам, освен еден син којшто му побегна на Света Гора и се замонаши. Никодим отиде на Света Гора за да си го врати синот назад, но Света Гора на него изврши таков впечаток, што самиот се покаја, се врати во верата Христова и се замонаши. Три години го оплакуваше своето отстапништво, па најпосле реши да се врати во Албанија, да го окае својот грев таму каде…
повеќе...Преподобен Теофил Мироточив и Светиот великомаченик Прокопиј
Преподобен Теофил Мироточив Родум од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник. Цариградскиот патријарх Нифонт му порача да отпатува во Александрија и да испита дали е вистина дека патријархот Јоаким поместил гора и испил отров без да му наштети. Кога се увери во вистинитоста на овие чуда, Теофил се врати на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во Ватопед, па во Ивер и најпосле во келијата на Свети Василиј близу Кареја. Овој свет човек ја одби понудата да го прими солунското архиепископство. Со длабоко безмолвие, богомислие…
повеќе...Прослава со Спасен Силјаноски за празникот Св.Недела во истоимената црква во Долно Коњско
По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, синоќа во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид беше организирана прослава збогатена со музика. Овој пат присутните верници од Коњско, Охрид и околните места ги забавуваше фолк пејачот Спасен Силјаноски. Денес во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. За многу години празникот! Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид,…
повеќе...Светата великомаченичка Недела
Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Недела. Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сѐ што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен…
повеќе...Преподобен Сисој Велики
Денес е празник посветен на Преподобен Сисој Велики. Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што…
повеќе...Преподобен Атанасиј Атонски
Преподобен Атанасиј Атонски Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за…
повеќе...