Македонија по четврти пат не доби датум за преговори за името

По вчерашната одлука Советот на Европската Унија по четврти пат не и додели датум за почеток на преговори на нашата земја. Министерот за надворешни работи Никола Попоски истакна дека Македонија не се соочува првпат со блокада, но сепак Европскиот совет ги дал најдобрите заклучоци досега. Според него, она што е значајно за нашата земја е поддршката која ја имаме од повеќето земји-членки и институции, но најважна би била поддршката од соседите. Попоски не коментираше во врска со временските рамки.