Владини препораки за заштита од студот

Со цел граѓаните да се заштитат од ниските температури во овој зимски период, владата усвои Акциски план со препораки.

Во зимскиот период вакцинирајте се навремено против сезонски грип, редовно земајте ја пропишаната терапија и консултирајте го вашиот матичен лекар, пиете топли напитоци, јадете доволно бидејќи тоа ја одржува температурата на телото, избегнувајте алкохол, во случај на настинка и потешкотии на дишењето обратете се кај вашиот матичен лекар, одберете соодветна облека.

Во случај на екстремно ниски температури, Владата препорачува да се избегнува физичка активност на отворено, да не се излегува надвор освен ако тоа е неопходно.

За најранливите групи на население Владата на Република Македонија препорачува, постарите лица имаат потреба од потопла облека. Бебињата се повеќе подложни на ладење, затоа треба да се проверува дали се загреани. Доколку имате дијабетес, вашите дланки и стапала може полесно да се повредат. Доколку имате артритис можете да дојдете до заклучок дека ладното време ги влошува вашите симптоми.

Ова е прв ваков Акциски план кој покажува посветеност, но и проактивност на Владата за соочување со ваквите предизвици. Планот предвидува три главни фази кои се активираат во зависност на температурните промени во еден од определените шест региони во државата. Со овој план владата ќе ги превземе сите неопходни мерки во рамките на нејзините овластувања да се заштитат граѓаните од студеното време, особено оние ранливи категории на граѓани за полесно и побезболно да се надмине студеното време.