Полиција во Полска два часа бркаше свиња

Во малото гратче Сокулка, североисточна Полска, полицијата имаше една несекојдневна потера, во која „бегалец“ беше една свиња.

На локалната полиција точно два часа и биле потребни за да ја фатат свињата која направила гужва на магистралниот пат.

Како што пренесува полската телевизија, полицијата воопшто немала лесна задача при фаќањето на овој бегалец, кој успевал да избега и покрај препреките на полицијата.

На снимката може да се види дека полицијата на сите можни начини се обиде да ја намами свињата, почнувајќи од храна, ласо, па дури и жив ѕид. На крајот сепак потерата беше успешна, по „координираната“ акција на полицијата, мештаните и минувачите.