СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предвреме, противзаконски ја започна предизборната кампања

Општинската организација на СДСМ – Охрид, го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за предвремена и противзаконска предизборна кампања.

„Деновиве забележително е дека ОК на ВМРО-ДПМНЕ, предвреме ја започна предизборната кампања за претстојните локални избори, со што очигледно се кршат законските прописи.

Нивниот кандидат за градоначалник Никола Бакрачески, заедно со високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и членови на нивната предлог листа за советници, секоја вечер одат од куќа до куќа, делат пропагандни материјали и ги убедуваат граѓаните да излезат на гласање. 

За ваквата појава Општинската организација на СДСМ, покрај јавноста официјално ќе ги информира претставништвата на ОБСЕ и ОДИХР во Република Македонија“. – се вели во соопштението од СДСМ – Охрид.