Кинескиот парламент има дури 83 милијардери

Кинескиот парламент е најбогат на светот, со дури 83 милијардери, според проценката на еден кинески весник, кој секоја година објавува листа на најбогати Кинези.

Бројот на милијардери во кинескиот парламент е зголемен за 17% во однос на 2011 година, а нивното просечно богатство се проценува на околу 3,35 милијарди долари, пренесуваат аналитичарите.

Колку за споредба, само минатата година, најбогатите кинески пратеници заработиле повеќе отколку што заедно заработуваат 535 членови на американскиот Конгрес, претседателот на Америка, неговиот кабинет и девет судии од Врховниот суд.

Во составувањето на листата на најбогатите луѓе во Кина, се користат исклучиво податоци од јавни извори за информирање. Високото раководство на Кина, вклучувајќи ги претседателот и генералниот секретар на Комунистичката партија, како и премиерот, не ги објавуваат податоците за своите примања.