Самир Фазли со два гола му донесе победа на Хелмонд

Во вечерашниот дуел во холандската Еерсте дивизија помеѓу МВВ Мастрихт и Хелмонд Спорт, иако домашната екипа водеше на полувреме со 2:1, сепак со двата погодоци на нашиот репрезентативец Самир Фазли во второто полувреме, Хелмонд Спорт успеа да направи пресврт и да победи со 2:3. За домашниот тим на МВВ, целиот натпревар го одигра Антонио Станков.

WebOhrid