Започна летното сметање на времето

Летното сметање на времето започна утрово во 02:00 часот по полноќ кога со поместување за еден час нанапред стрелките означија 03:00 часот по полноќ. Летното сметање на времето ќе заврши на 27 октомври годинава.

Целта на поместување на времето е најмногу заштеда на електрична енергија.

Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен.

Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На Јужната хемисфера почетокот на летното време е обратен од Северната.