Тони Савевски 6:0 Мирсад Јонуз

Тимот кој го води Тони Савевски, Омонија Никозија, со 6:0 го победи тимот на Неа Саламис, кој го води Мирсад Јонуз.

Со оваа победа, Омонија Никозија се искачи на 3-то место и влезе во финалната рунда од 4 тимови кои ќе играат за нов шампион на Кипар.

Тимот на Неа Саламис, по овој пораз падна на 11 место и остана во зоната од 4 тимови кои ќе играат меѓусебно за да обезбедат опстанок во Кипарската Прва Лига.

Дали тренерското место на Мирсад Јонуз му го разниша Тони Савевски останува да видиме, а најмногу зависи од тоа дали Јонуз ќе успее да го спаси својот тим од испаѓање во понизок ранг.

WebOhrid