Распоред на богослужбите за Велигденските празници

Од Дебарско-Кичевската Епархија – Охрид информираат дека во недела на 28.04.2013 за празникот ЦВЕТНИЦИ, ќе се одржи Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.

На ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК (29.04.2013) со почеток во 7 часот ќе се одржат часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско.   Едноцрквие во црквата „Св.Богородица“ Каменско, со почеток во 17 часот ќе се одржи и  Бдение со„Последование на Женихот“.

На ВЕЛИКИ ВТОРНИК (30.04.2013 -) со почеток во 7 часот ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско. Вечерта ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.

На ВЕЛИКА СРЕДА (1.05.2013) во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот ќе се одржат часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, а од 17 часот ќе започне мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид.

На 2 мај, ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, ќе има во манастирот Плаошник, со почеток во 7 часот. Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. Вечерта, со почеток во 18:30 часот ќе се чита бдение  на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви.

На ВЕЛИКИ ПЕТОК (3 мај) се Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, ќе се одржат со почеток во 7 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско. Вечерта во 19 часот„Оплакувањето и опело на Христа“. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Охрид.

На 4 мај, ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО), Утрена со Василиева Литургија ќе се одржи во црквата „Св. Богоридица“ – Каменско, со почеток во 7:30 часот. Воскресна богослужба ќе има во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23:30 часот.

На 5.05.2013 ќе се одржи втора литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 8:00 часот.

На првиот ден од ВЕЛИГДЕН 5.05.2013, вечерна Архиерејска богослужба, едноцрквие, ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 17 часот. Ќе има Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца.

На вториот ден од ВЕЛИГДЕН – ЃУРЃОВДЕН (понеделник) Утрена со Златоустова литургија ќе има во сите цркви, со почеток во 7:30 часот, Архиерејска литургија во црквата  ќе се одрживо „Св. Ѓорѓи“ – Охрид.

На третиот ден ВЕЛИГДЕН, вторник (7.05.2013) Утрена со Златоустова литургија, ќе има во сите цркви, со почеток во 7:30 ч. За Варош, во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“ – Охрид. Архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св. Ѓорѓи“ – Струга. Во 16 часот ќе има вечерна богослужба со литија.

На 9.05.2013 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК, Архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот.

На 10.05.2013 – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА, Архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот.

На 12.мај  – ТОМИНА НЕДЕЛА, Архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св. Никола“ – Долна Маала – Охрид, со почеток во 9:00 часот.