Осветен храмот „Воскресение Лазарево“ во Охрид

Денес на денот кога го прославуваме споменот на преп. Пелагија, преп. Таиса и на св. мч-чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го освети храмот „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид. Храмот започна да се гради на 29 август 2004 година, по иницијатива на иницијативниот одбор на чело со Митрополитот Тимотеј, а се изгради со особен финансиски придонес на компаниите „Митан-пром“ од Охрид, на чело со Перо Митан и на „Ремис“ од Охрид, на чело со Бошко и Олга Илоски, како и со финансиски средства од…

повеќе...

Осветување на црквата Лазарево Воскресение градски гробишта – Охрид

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 21. октомври 2017 година (сабота), ќе се осветува црквата „Воскресение Лазарево“ на градски гробишта – Охрид, со почеток во 08:30 часот. По осветувањето ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги поканува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овој свет чин.

повеќе...

50 години автокефалност на МПЦ–ОА и 50 години од формирањето на Дебарско–кичевската епархија

Македонска православна црква Охридска архиепископија Дебарско–кичевската епархија Охрид, со особена чест ги известува своите православни верници дека на 17 септември (недела) 2017 година, по повод свечената прослава „50 години автокефалност на МПЦ – ОА и 50 години од формирањето на Дебарско – кичевската епархија“ во манастирот „Св.вмч. Георги – Кнежино, Кичево ќе се служи Света архиерејска литургија и осветување на новиот конак, со почеток во 09:00 часот. На Светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиереите на МПЦ-ОА.

повеќе...

Светите маченици Павле и Јулијана и Свети Јаков Постник

Светите маченици Павле и Јулијана Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година. Свети Јаков Постник Живееше во 6 век. Толку се восоврши во богоугодниот живот што со молитва ги лечеше најтешките болни. Но непријателот на човечкиот род наведуваше врз него силни искушенија. Така еднаш едни подбивачи испратија кај него една развратна…

повеќе...

Отслужена литургија на Плаошник по повод празникот Светиот апостол Тимотеј

Денес на празникот Светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

повеќе...

Светиот новомаченик Христо

Светиот новомаченик Христо Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи па одрекол. После мачење го оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неклолку заупокоени литургии. Убиен…

повеќе...

Преподобниот маченик Игнатиј

Преподобниот маченик Игнатиј Од Ески-Загора во Бугарија, од онаа славна Загора којашто на Црквата Божја ѝ даде многубројни свети подвижници и маченици. Се подвизуваше во Скитот на Свети Јован Предвесник на Атон. Драговолно им се предаде на Турците на мачење заради Христа . Го обесија во Цариград на 8 октомври 1814 година. Моштите му се чудтворни. Неговата глава се чува чесно во манастирот на Св. Пантелејмон.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина

Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја спозна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе Света Јустина, бидејќи се занесе од…

повеќе...

Светите маченици Давид и Константин

Светите маченици Давид и Константин Христијански кнезови од Аргвент. Беа осудени на смрт за Христа во Имеретија од калифот Емил-ел-Муменим и потопени во река во 730 година. Пред смртта Му се молеа на Бога да им ги прости гревовите на сите коишто ќе го призиваат нивното име во молитва на помош. Откако ја завршија својата молитва пукна гром и се чу глас од небото дека молитвата им е услишена. Моштите им почиваат во Грузија, во манастирот Моцамети.

повеќе...

Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Денес е празник посветен на Светиот Јован Богослов, апостолот и евангелист . Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ,…

повеќе...