Младинска мобилност – Перспективи за одржлив младински туризам во регионот

Во периодот од 9 до 12 мај во Белград, Србија, делегација предводена од директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски ќе присуствува на Конференцијата „Младинска мобилност – Перспективи за одржлив младински туризам во регионот“ на која присуство ќе земат претставници од релевантни институции од 25 држави.

На Конференцијата ќе бидат опфатени темите за младинската мобилност и туризам, меѓународната соработка меѓу релевантните институции на ова поле, но и соработката со младинските организации и останатите вклучени страни.

Настанот е во организација на Министерството за млади и спорт на Република Србија и Централно Европската Иницијатива (Central European Initiative).

Во рамки на активностите кои произлегуваат од Договорот за соработка во областа на спортот и младите помеѓу потпишан помеѓу двете земји, ќе биде остварена и билатерална средба меѓу Пујовски и министерот за млади и спорт на Република Србија Алиса Мариќ каде ќе бидат разменети мислења за прашања од ресорниот делокруг, посебно за оние кои ја допираат законската регулатива во овие сфери, вклучително за концептите на поддршка на врвниот спорт и можноста за продлабочување на соработката помеѓу националните спортски федерации од двете земји во делот на спортските подготовки на националните тимови во повеќе спортови пред одржување на значајни меѓународни спортски натпревари каде истите учествуваат, а во делот на младинските политики, ќе биде разгледана можноста за воспоставување на младинската картичка (European Youth Card) во Република Македонија, процес лансиран со препорака на Советот на Европа кој во Република Србија е имплементиран и успешно функционира изминативе неколку години и претставува одлична комуникациска алатка за олеснување и промовирање на мобилноста на младите луѓе и соработката помеѓу младите од различни држави.