Општина Охрид ќе отпочне со асфалтирање на улицата „Радојца Новичиќ“

Се известуваат граѓаните на Охрид, дека на ден 12.06.2013 година, Општина Охрид ќе отпочне со градежни активности на улица „Радојца Новичиќ“.

Заради специфичноста и технологијата на изведување на градежните работи, улицата ќе биде целосно затворена во текот на  денот од 08:00 до 17:00 часот во периодот од 12.06.2013 до 19.06.2013, освен во деновите од викенд (сабота-недела).

Градежните работи ќе ги изведува градежната фирма АД „Гранит“- Скопје.

Надлежните очекуваат од граѓаните разбирање за оваа времена состојба и придржување на изменетиот режим на сообраќај на тој потег.